Македонскиот претседател Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски со објави на социјалните мрежи му ја честитаа пбедата на Емануел Макрон на претседателските избори во Франција.
„Честитки до Емануел Макрон за победата на претседателските избори. Оваа победа се случува во време на предизвици кога проевропскиот избор е навистина значаен. Се надевам ќе продолжиме со соработката за прашањата кои ги зближуваат нашите земји и народи“, напиша Пендаровски на Фејсбук.
Премиерот Ковачевски на Твитер напиша дека изборната победата на Макрон е победа за Франција и за Европската унија (ЕУ).
„Ова е победа за Франција и за ЕУ. Претстојат многу предизвици и со нетрпение очекувам да работиме заедно во интерес и на Франција и на Северна Македонија. Во интерес на иднината на Европа“, објави Ковачевски на Твитер.
На вчерашните претседателски избори во Франција, според прогнозите на првите излезни анкети обавени непосредно по затворањето на гласачките места, Макрон освил нешто над 58 отсто гласови, додека лидерката на Национален фронт, Марин Ле Пен, скоро 42 отсто од гласовите. Француската крајнодесничарска лидерка Ле Пен го призна поразот од Макрон, кој, доколку и официјално се потврдат овие резултати, ќе биде првиот реизбран претседател во последните 20 години во Франција.