Украинката која ја преживеа нацистичката окупација во Мариупол почина криејќи се од руските бомби

Мариупол, Украина

Украинка која ја преживеа нацистичката окупација на украинскиот град Мариупол, почина додека се криеше во подрум за време на руската опсада на пристаништето. 91-годишната Ванда Обидкова, активен член на еврејската заедница во Мариупол која го преживеала Холокаустот, починала во подрум премрзната и „молејќи се за вода“ на почетокот на април, откако била заробена во градот со недели за време на интензивното гранатирање од руските сили.

„На 10-годишна возраст, Ванда ги преживеа Германците криејќи се во подрум во Мариупол. 81 година подоцна, таа почина во подрум во истиот град како жртва на ужасната војна која се криеше од Русите“, напиша на својот твитер профил Спомен група за Аушвиц.

Извештаи за присилно преселување Украинци во Русија

Обидкова е родена во Мариупол во 1930 година и ги преживеа нацистичките напади криејќи се во подрумите на Мариупол. Нејзината мајка и неколку членови на семејството загинале за време на нацистичката окупација.

Минатиот месец, уште еден преживеан од Холокаустот, 96-годишниот Борис Романченко беше убиен од руска бомба што го погоди неговиот стан во украинскиот град Харков.