Пожари, бомби, милијарди...

МАКЕДОНИЈА - Денеска попладне избувна пожар во кругот на на поранешната фабрика Треска, во центарот на Скопје, кој по неколку часа беше локализиран. Противпожарната служба реагирала со 55 пожарникари. Причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат.

РУСИЈА - Рускиот претседател Владимир Путин ги обвини западните банки дека не ги платиле испораките на руски гас, откако тој побара од земјите-членки на Европската унија и другите земји рускиот гас да го плаќаат во рубљи.

УКРАИНА - Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека европските земји кои продолжуваат да купуваат руска нафта заработуваат со крвта на другите луѓе.

ПАКИСТАН / САД - Пакистанската армија ги отфрли обвинувањата на премиерот Имран Хан дека Соединетите Држави стојат зад неговото соборување по гласањето недоверба во парламентот.

СРБИЈА - Српската влада ги иззема прехранбените производи од органско потекло од забраната за извоз на основните земјоделски и прехранбени производи.

САД - Милијардерот Елон Маск достави понуда за купување на сите акции на социјалната платформа Твитер. Тој нуди 41,39 милијарди долари во кеш за преземање на сите 100 проценти од акциите на компанијата.

БУГАРИЈА / МАКЕДОНИЈА - Во сабота во Битола ќе допатуваат бугарскиот премиер Кирил Петков, заедно со потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова.

МАКЕДОНИЈА - Министерот за образование ќе испрати писмено барање до членовите на синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) да го прекинат штрајкот и да ја продолжат настават во училиштата и градинките.

УКРАИНА - Речиси пет милиони Украинци ја напуштиле својата земја, откако Русија започна инвазија на Украина пред 50 дена, соопшти денеска Агенцијата за бегалци на ОН, УНХЦР.