Албанскиот премиер Рама во Берлин на средба со германскиот канцелар Шолц

албанскиот премиер Еди Рама

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во Берлин ќе му биде домаќин на албанскиот премиер Еди Рама. Една од темите на нивните разговори, како што е најавено, ќе биде заедничката реакција на руската агресија врз Украина со оглед на тоа што и Албанија и Германија се членки на НАТО. Исто така ќе стане збор и за процесот на приклучувањето на Албанија во Европската унија, како и за други билатерални прашања пред сѐ економски. Во минатата недела Рама изјави дека Албанија ќе побара од Европската унија да ја продолжи кандидатурата за членство одвоено од нејзиниот сосед Северна Македонија, која продолжува да се соочува со бугарско вето.

Албанија ќе побара одвојување од Македонија на патот кон ЕУ

Тој притоа додаде дека не е оптимист оти Бугарија наскоро ќе го укине своето вето за Скопје. „Албанија не може повеќе да чека додека двајцата соседи не ја решат својата кавга“, рече Рама, наведувајќи дека Албанија има добри односи со двете држави. Македонија и Албанија требаше во пакет да ги почнат преговорите за влез во Унијата кон крајот на 2020 година, но Бугарија ја блокираше Македонија при овој процес поради несогласувањата околу историјата и јазикот. Блокадата на Македонија, доведе и до блокада на преговорите за Албанија.