Зеленски: Украина е подготвена да ги продолжи преговорите со Русија, но и да се бори

Киев -Заедничката прес-конференција на украинскиот претседател Володимир Зеленски и австрискиот канцелар Карл Нехамер

Украина сè уште е подготвена да ги продолжи преговорите со Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Но тој сепак додава дека неговата земја е „подготвена да се бори“ доколку е потребно поради пријавените смртоносни напади врз цивили од страна на руските сили.

Зеленски ги даде овие коментари денеска во Киев за време на заедничката прес-конференција со австрискиот канцелар Карл Нехамер, последен од низата европски претставници и лидери кои ја посетија земјата откако руските сили се повлекоа од целиот главен град.

„Украина од секогаш велеше дека е подготвена за преговори и бара каков било начин да ја запре оваа војна“, рече Зеленски.

„За жал, паралелно, гледаме подготовки за важни битки, некои луѓе велат дека решавачки, на исток“, рече тој, мислејќи на очекувањата за нови руски воени офанзиви во источните и јужните области на Украина.

„Подготвени сме да се бориме и да гледаме паралелно да ја завршиме оваа војна преку дипломатија“, додаде тој.

„На исток и на југ видовме концентрација на оружје, опрема и војници кои се подготвуваат да окупираат друг дел од нашата територија“, рече Зеленски.

Нехамер денска го посети градот Буча, каде што стотици цивили беа пронајдени мртви по повлекувањето на руските сили. Многумина беа пронајдени како лежат на улица, со врзани раце зад грб.
Зеленски вели дека имаат поддршка од Австрија за да и се спротивстават на руската агресија.

Украинските и руските преговарачи последен пат се сретнаа на разговори на 29 март.