Белорускиот врховен суд ги прогласи каналите на Телеграм за терористичка организација

Илустрација

Врховниот суд на Белорусија ги прогласи трите канали на Телеграм, што ги води весникот „Некста“ за „терористичка организација“, објави Канцеларијата на јавниот обвинител.

Вестите на „Некста“, која работи од Полска, има три канали на Телеграм, вклучувајќи го и Некста Лајв, кој има 1,4 милиони претплатници во земјата.

„Врховниот суд на Белорусија, на барање на главниот обвинител Андреј Швед, ја прогласи НЕКСТА за терористичка организација. Терористите победуваат“, напиша Некста на Твитер.

Одлуката значи дека секоја соработка со трите канали на Телеграм ќе повлекува кривична одговорност.

Во октомври белоруското Министерство за внатрешни работи ги класифицираше сите три канали како „екстремисти“, забранувајќи ја нивната активност во земјата.

Десетици веб-страници на весници се блокирани во Белорусија, а независните медиуми беа затворени како дел од сеопфатното задушување на протестите поради претседателските избори во август 2020 година, на кои авторитарниот лидер Александар Лукашенко доби шести мандат.

Опозицијата и Западот велат дека гласањето било наместено за да остане на власт.

Владата на Лукашенко жестоко го пресече продемократското движење, апсејќи илјадници луѓе и истиснувајќи ги повеќето водечки опозициски фигури во земјата. Центарот за човекови права Вјасна вели дека смета дека 1.102 лица се политички затвореници.