Мајкрософт спречил обиди за хакирање од руски воени шпиони

Корпорацијата Мајкрософт соопшти дека спречила хакерски обиди на руските воени шпиони за упад во украински, европски и американски цели. Во блог пост на 7 април, технолошката фирма наведе дека групата која ја нарекла „Стронциум“ користела седум интернет домени како дел од обидот да ги шпионира владините тела и тинк-тенк организациите во ЕУ и САД, како и украинските институции. Мајкрософт не откри по име ниту една од целите.

Обвинение за 3 руски разузнавачи и програмер за хакирање во САД

Стронциум е називот на Мајкрософт за групата што другите често ја нарекуваат Fancy Bear или APT28 - хакерски тим поврзан со руската воена разузнавачка агенција. Руската амбасада во Вашингтон не одговори веднаш на барањето од Ројтерс да даде коментар. Украина е цел на хакерски обиди откако руските сили ја нападнаа земјата во февруари.