Боки 13 денеска чека пресуда за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски - Боки 13 на изрекување на пресудата за „Рекет“

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска ќе се изрече пресудата за случајот познат во јавноста по името на невладината организација „Меѓународен сојуз“ во кој првообвинет за измама и перење пари е Бојан Јовановски-Боки 13 кој беше претседател на невладината организација.

Во овој предмет обвинети се и и заменик-претседателката на „Меѓународниот сојуз“, Јасна Ерцеговиќ и асистентката на Боки, Христина Блажевска, кои се товарат за помагање во делата што ги извршил првообвинетиот.

Меѓу обвинетите е и поранешната пратеничка од СДСМ, Фросина Ременски, која се гони за помагање во делото измама. Како петтообвинет во случајот е таткото на Боки-13, Миле Јовановски. За него обвинителството тврди дека помагал во кривичното дело перење пари, а се гони и за делото неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје бидејќи при претрес во неговиот дом биле пронајдени три полуавтоматски пиштоли и муниција за кои немал дозвола. Како правно лице обвинета е и невладината организација Меѓународен сојуз.

Отворени прашања за случајот Кичеец

Според обвинителниот акт, во периодот од 8 јули 2017 година до 13 април 2018 година првообвинетиот, како претседател на обвинетата невладина организација Меѓународен сојуз ги довел во заблуда и измамил двајцата бизнисмени Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски со проекти за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилни сервиси и дале речиси еден милион евра – Мицевски сума од 700 илјади луѓе, а Амзоски 200 илјади евра.

Обвинителство чека од Боки 13 нови информации

Според обвинението Јовановски лажно прикажувал дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилен сервис, како и субвенции од страна на државата и оштетените вака доведени во заблуда на штета на својот имот му исплатиле преку Македонска авторска агенција износи кои надминуваат значителна вредност, и тоа 719 905 евра, односно 233 821 евра во денарска противвредност.

Обвинетите, пак, во текот на целиот судски процес ги отфрлаа обвинувањата и тврдеа дека станува збор за реални проекти, а не за измама. Јовановски во своите заврши зборови рече дека тие биле измамени од политичарите и злоупотребени од власта.