Вицепремиерот Маричиќ на средба со еврокомесарот Вархеји

Еврокомесарот Оливер Вархеји

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска во Брисел ќе разговара со вицепремиерот за европски прашања на Северна Македонија Бојан Маричиќ. Се очекува да се разговара за македонскиот пат за зачленување во Европската унија. Вицепремиерот Маричиќ деновиве повтори дека македонската влада нема дилеми кога станува збор за членството во Унијата.

Вархеји во посета на Бугарија, тема на разговорите и С.Македонија

„Oчекуваме ЕУ да ги отвори вратите за почеток на преговорите за таа перспектива и таа определба да добие уште посилен израз, изјави тој во минатата недела на заедничката прес-конференција во Скопје со австриската сојузна министерка за ЕУ и уставни прашања Каролине Едштадлер. Според него, стабилноста и безбедноста на Балканот се непосредно врзани и отсекогаш биле поврзани со перспективата за членство во ЕУ.