Лавров: Коментарот на Бајден за Путин покажува дека некои имаат проблем со совеста

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека коментарите на американскиот претседател Џо Бајден за Владимир Путин покажуваат дека некои на Запад имаат, како што рече, проблеми со нивната совест. Бајден вчера го обвини Путин за воени злосторства и повика на негово судење, зголемувајќи го глобалното незадоволство поради убиствата на цивили во украинскиот град Буча, откако се појавија повеќе снимки и фотографии за тоа.

Злосторствата во киевското предградие Буча

„Овој човек е брутален. Она што се случи во Буча е срамота. Путин е воен злосторник“, изјави Бајден, наведувајќи дека треба да се соберат повеќе докази со цел да искористат во судењето за воени злосторства. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги нарече руските акции „геноцид“ и го повика Западот да примени построги санкции против Русија.