Нови 300 случаи на коронавирус, еден починат

Илустрација

Во изминатите 24 часа се регистрирани 300 нови случаи на коронавирус во Македонија, а едно лице починало. Направени биле 2493 тестови, информира Министерството за здравство.


Најмногу нови случаи има во Скопје - 180, во Битола има 19, Охрид 16, Прилеп и Кавадарци по 13, Струмица 9, Куманово, Велес, Гостивар, Гевгелија и Ресен по 5, Кичево и Делчево по 4, Тетово и Струга по 3, Штип и Кочани по 2, и во Неготино, Свети Николе, Дебар, Валандово, Богданци, Кратово и Крушево по еден нов случаи.

Од вкупниот број на позитивни (300), регистрирани се 59 реинфекции.

Регистрирани сe 197 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.474, бројот на оздравени пациенти е 295.434, на починати е 9.227, а бројот на активни случаи изнесува 1.813.