Украинска армија тврди дека руските трупи делумно се повлекле од Киев и Чернихив

илустрација

Портпаролот на украинската армија изјави дека руските единици „делумно“ се повлекле од Киев и Чернихив.

„Сепак, не можеме да предвидиме што ќе се случи и нема да ја намалиме нашата одбрана. Во моментов руските трупи не се доволни за напад на главниот град. Тоа не значи дека нема да бидат во иднина“, изјави портпаролот на украинската армија.

Во меѓувреме пак официјален американски претставник соопшти дека Русија користи црква како полигон за обука за напад на Киев.

„Руските сили користат црква во близина на Киев за да извршат напад врз главниот град на Украина“, тврди високиот функционер на американската администрација.

Користената локација се наоѓа на 22 милји северозападно од Киев.

„Воен персонал се наоѓа на двете основи на црквата и на околниот станбен простор“, додаде функционерот кој сакаше да остане анонимен.

Наводите доаѓаат откако градоначалникот на главниот град на Украина, Виталиј Кличко, изјави дека денеска почнуваат да избиваат „огромни“ битки северно и источно од Киев. Кличко рече дека ризикот од смрт во Киев сега е „прилично голем“ и ги повика цивилите кои сакаат да се вратат во главниот град да почекаат „ уште некое време“.