Лавров во дводневна посета на Индија

Архива - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров зборува на заедничка прес-конференција по разговорите со неговиот индиски колега во Њу Делхи. 6 април 2021 година.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе престојува во дводневна посета на Индија, земја која досега одбиваше да ја осуди инвазијата на Москва врз Украина.

Посетата на Лавров започнува во четврток, соопшти официјален Њу Делхи.

Индија беше воздржана при гласањето за резолуциите на Обединетите нации со кои се осудува Русија, а земјата продолжува да купува руска нафта и други стоки и покрај притисокот од Вашингтон.

Американскиот претседател Џо Бајден минатата недела ја опиша Индија како „малку нестабилна“ во однос на Русија.

Индија и Русија имаат блиски односи со децении. Њу Делхи, кој ја опишува Москва како нејзин „долгогодишен и доверлив пријател“, најголемиот дел од својот клучен воен хардвер го набавува од Русија.