АИ: политичката моќ и профитот над правичноста

Извештајот на Амнести интернешнал открива дека побогатите држави, заедно со корпоративните титани, всушност поттикнале подлабока глобална нееднаквост.

Политичките лидери и корпоративните титани ги ставаат профитот и моќта пред луѓето, изневерувајќи ги ветувањата за правично закрепнување од пандемијата, се наведува во најновиот извештај на Амнести интернешнал за Состојбата со човековите права во светот. „Пуштајќи лажни ветувања за правично закрепнување од ковид-19 и за решавање на длабоко вкоренетата нееднаквост, светските лидери, како што се наведува во извештајот, се договарале со корпоративни титани за добивање поголема моќ и повеќе профит. „Богатите држави се договараа со корпоративните гиганти во 2021 година за да ги измамат луѓето со празни слогани и лажни ветувања за правично закрепнување од пандемијата на ковид-19, што претставува едно од најголемите предавства на нашето време“, оценува Амнести интернешнал, додавајќи: „Целосниот неуспех на глобалната заедница да се справи со ширењето на конфликтите го посеа семето за понатамошна ескалација. Влијанието е направено врз најмаргинализираните заедници во светот, вклучувајќи ги оние во Африка, Азија и Латинска Америка“.

СЗО ги повика богатите земји наместо да вакцинираат деца, да ги донираат вакцините

Извештајот на Амнести интернешнал открива дека побогатите држави, заедно со корпоративните титани, всушност поттикнале подлабока глобална нееднаквост. Во делот на извештајот за Македонија се наведува дека истрагите продолжија за наводни сериозни злосторства, вклучително и кршење на човековите права, од страна на поранешни владини министри и функционери во 2015 година.

Амнести Интернешнл: Владите ја користат пандемијата за кратење на човековите права

„Во јуни лани, поранешниот претседател на парламентот и двајцата министри беа осудени за нивната улога во организирањето на упадот во парламентот во април 2017 година“. Условите за затворениците во Македонија, според Амнести, не ги исполнуваат меѓународните стандарди, додека говорот на омраза бил насочен кон етничките малцинства и ЛГБТИ луѓето, како и кон жените и девојчињата, кои не се заштитени од родово засновано насилство. Дискриминацијата имало и врз Ромите и Албанците, се наведува, меѓу другото во Извештајот на Амнести Интернешнал.