Британија - Инвазијата на Путин мора да заврши неуспешно

Илустрација - Британскиот премиер Борис Џонсон.

Инвазијата на Владимир Путин на Украина мора да заврши неуспешно, соопшти Даунинг стрит, додека украинскиот претседател Володомир Зеленски сигнализираше дека е подготвен да и понуди низа отстапки на Русија за таа да ги прекине борбите.

Украина би можела да прогласи неутралност и да понуди гаранции за нејзиниот ненуклеарен статус како дел од мировниот договор, предложи Зеленски, но ја истакна желбата да се обезбеди „територијален интегритет“ на земјата.

Даунинг стрит наведе дека Британија ќе ја поддржи преговарачката позиција на Украина, но дека британскиот премиер Борис Џонсон цврсто верува дека Путин „мора да пропадне“.

Британската Влада се огради од сугестијата на американскиот претседател Џо Бајден дека Путин „не може да остане на власт“ - коментар без запис на кој Белата куќа беше принудена да одговори, инсистирајќи дека тој не повикува на промена на режимот во Кремљ.