Достапни линкови

Тортура врз Русите кои ја напуштаат Русија


Многу Руси кои неодамна ја напуштиле својата татковина пријавиле непријатни испрашувања додека минувале низ пасошката контрола на нивната земја.
Многу Руси кои неодамна ја напуштиле својата татковина пријавиле непријатни испрашувања додека минувале низ пасошката контрола на нивната земја.

Десетици илјади Руси ја напуштија земјата откако Москва ја нападна Украина пред повеќе од еден месец. Многумина од оние што го направија тоа пријавиле непријатни и незаконски испрашувања додека минувале низ руската пасошка контрола. Марина Аронова

„Кога ја напуштив Русија, не бев сигурен дека ја правам вистинската работа“, вели 28-годишниот Артјом Саприкин, ИТ специјалист од Уфа, главниот град на руската област Башкортостан, додавајќи: „Сега, сум сигурен сум“.

На 15 март, Саприкин ја напушти Русија на претседателот Владимир Путин и замина за Ерменија. Тој е еден од десетиците илјади Руси кои ја напуштија својата татковина по инвазијата на Москва на Украина на 24 февруари.

Владата на Грузија соопшти дека повеќе од 30.000 Руси пристигнале во таа земја од почетокот на војната; Турција објави дека повеќе од 14.000 Руси се преселиле во таа земја во првите три недели по почетокот на борбите.

Зошто сѐ повеќе луѓе бегаат од Русија?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:14 0:00

„Главната причина“, изјави Саприкин за РСЕ, „беше сознанието дека Русија нема иднина. Го сфатив ова одамна, но сепак продолжив да ја одложувам одлуката. Но, со почетокот на војната, разбрав дека ситуацијата во земјата е многу полоша отколку што мислев“.

Од руската инвазија на Украина на 24 февруари, многу Руси кои емигрирале пријавиле непријатни искуства со преминувањето преку пасошка контрола за да ја напуштат земјата.

На посебен Телеграм канал десетици патници известуваат дека биле подложени на долги испрашувања. Многумина мораа да ги отклучат своите телефони и компјутери и да гледаат како оперативците на Федералната служба за безбедност (ФСБ) ги читаат нивните лични пораки.

„Знаев од пријателите што ме чека кога заминав. Тие веќе доживеаја целосно претресување“, вели Саприкин, додавајќи дека се подготвил однапред -- купил повратен билет, шифрирал некои податоци, додека некои избришал. „Накратко, се погрижив да не можат ништо да се посомневаат. Како на шега, ја оставив апликацијата на руската платформа Однокласници на телефон и ја наполнив со упатства за правење кисела зелка и за поправки во домот“.

Штом граничарите дознале дека Саприкин е специјалист по информатика, тој бил извлечен од редот за испрашување. Откако му бил претресен телефонот агентот го прашал за неговото мислење за војната во Украина.

„Го сакате Путин, нели?“

Последното прашање на агентот, сепак, го изненадил Саприкин.

„Тој ме погледа во очи и ми рече: „Го сакате Путин, нели?“, се сеќава Саприкин. „Другите прашања ги подготвив, но ова не го очекував. Реков: „Не сакам никого. Дури ни мајка ми или баба ми, Јас сум мизантроп. Тоа е начинот на кој сум роден и не можам ништо да направам за тоа.“

Чекирање на меѓународниот аеродром Домодедово во Москва.
Чекирање на меѓународниот аеродром Домодедово во Москва.

Тогаш на Саприкин му наредиле да ја испразни торбата на масата. Агентот собрал сè и излегол од собата. Во следните 40 минути низ неговиот ум минувале најстрашните сценарија, вели тој. Но, на крајот го пуштиле да помине.

Забрана за Фејсбук и Инстаграм во Русија- Мета прогласена за „екстремистичка“ организација

Ваквите испрашувања и претреси се незаконски според рускиот закон, вели адвокатката за човекови права Аљона Савељова од невладината организација „Русија зад решетки“.

„Тие немаат никакви овластувања да испрашуваат луѓе или да вршат лични претреси, вклучително и на телефони. Тие не пишуваат никаков извештај. Како да немало распит. Само те прашуваат за политика, што мислиш за конфликтот. Се разбира, сето ова е незаконско“, објаснува Савељова.


Адвокатот Иван Павлов, кој ја предводи невладината организација Прв оддел, додава дека граничните агенти исто така вршат притисок врз патниците со „неформални средства за уцена“.

„Тие можат да ве држат на пасошка контрола толку долго што едноставно ќе го пропуштите вашиот лет. Русите деновиве имаат реални проблеми со билетите и со парите. Ако некој е во опасност да изгуби билет што го чинел 50.000 рубљи [500 долари], секако дека ќе му покаже што и да побараат да видат“.

Четириесет и седумгодишната Јулија, која побара да биде идентификувана само по нејзиното име, на 12 март со сопругот и ќерката на училишна возраст ја напушти Русија за Турција од московскиот аеродром Домодедово.

Нејзиниот сопруг се разделил во редовите за пасошка контрола и не успеал да излезе на другата страна, изјави Јулија за РСЕ. Подоцна дознала дека нејзиниот сопруг бил извлечен од редот кога му кажал на агентот дека работи во банка.

Рускиот адвокат Иван Павлов
Рускиот адвокат Иван Павлов

„Тој беше однесен во посебна просторија. Таму имаше двајца мажи во цивилна облека. Првото нешто што го направија беше пребарување по неговиот телефон“.

Како и Саприкин, Јулија и нејзиниот сопруг беа предупредени за претресите и избришаа сè што може да се смета за сомнително - особено разговорите со сестрата на Јулија, која живее во загрозениот украински град Чернихив.

„Како вечност“

Првото прашање што му беше поставено на сопругот на Јулија, рече таа, било зошто ги избришал сите негови разговори. Агентите го испрашувале околу еден час.

„Мислам дека единственото нешто што не спаси беше тоа што имавме купено повратни билети“, рече Јулија. „Кога излезе со пасошот, рацете му се тресеа“, се сеќава Јулија, додавајќи: „Неговото лице беше бело како лист хартија. Се плашев дека ќе доживее мозочен удар. Дури откако ја врати контролата врз себе, можеше да ми каже што се случило“.

Полициска рација во невладини организации во Русија

Таа додаде дека најпрвин немале намера да емигрираат засекогаш, туку само, како што рече, „да ги променат своите околности пред да полудат“.

„Имавме намера само да заминеме на одмор, но сега, да бидам целосно искрена, не знам ни дали вреди да се вратиме. Не прогласија ни воена состојба, а вака се однесуваат со луѓето. И што ќе се случи ако го наметнат тоа? Дали ќе ги стават луѓето до ѕид и за најмал сомнеж?“

Руслан, кој побара да не му се спомнува презимето, замина од Москва за Турција на 5 март. Тој за РСЕ изјави дека неговата сопруга е Украинка, а нејзините роднини живеат во таа земја.

„Па, како би можел да се чувствувам во оваа војна? И дефинитивно немам намера да одам таму за да умрам за „Путлер“, вели тој.

Кога минувал низ пасошка контрола, агентот побарал да ги види нивните повратни билети. Штом признал дека немаат, тој и неговата сопруга биле извлечени од редот и одведени во соба за испрашување.

„Имаше двајца мажи во собата. Тие не се претставија“. По неколку прашања, тие побараа да го видат телефонот на Руслан. „Тие читаа сè - СМС-пораки, па дури и историјата на моите „лајкови“. Тие беа многу темелни. Имав непрочитана порака од мајка ми, а тие ја прочитаа и таа. Тоа траеше како цела вечност“.

Агентите го прашале во кои организации припаѓа, дали донирал пари или префрлил некакви средства во Украина. Тие прашале и за неговиот став кон „тековните политички настани“ и како ги разликува лажните вести од вистината.

„Се обидов да одговорам кратко и прецизно без да навлегувам во детали“, рече тој. „Знаев дека тоа е провокација за да ме натераат да изгубам самоконтрола“.

Сопругата на Руслан била опширно испрашувана за нејзиното семејство во Украина и нејзините контакти со нив.

„Последното прашање беше смешно: „Дали вашите права се повредени во Русија поради вашата националност?“ Мојата сопруга одговорила: „На жената што беше во редот пред мене со руски пасош ѝ беше дозволено да помине без ниту едно прашање, но јас веќе седам овде со вас половина час. Кажи ми дали ми се прекршени правата.“ По 20 минути, на парот му беше дозволено да помине во чекалната.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG