Блинкен: „Нема стратегија за промена на режимот во Русија“

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен истакна дека САД не се обидуваат да го соборат рускиот претседател Владимир Путин, по импровизираната изјава на американскиот претседател Џо Бајден еден ден претходно дека лидерот на Кремљ „не може да остане на власт“. И покрај жестоката осуда на целосната војна на Путин против Украина, Блинкен рече: „Немаме стратегија за промена на режимот во Русија, или на кое било друго место за тоа прашање“. Највисокиот американски дипломат рече дека изјавата на Бајден има за цел да нагласи дека „Путин не може да биде овластен да води војна или да се вклучи во агресија против Украина или некој друг“.

Бајден- Путин е „касап“

Бајден- Светот да се подготви за „долга борба“

За коментарите на Бајден за време на неговата посета на Полска на 26 март Белата куќа соопшти дека биле погрешни разбрани. По забелешката на Бајден дека Путин „не може да остане на власт“, портпаролот на Путин, Дмитриј Песков рече: „Не е на Бајден да решава за тоа. Претседателот на Русија го избираат Русите.“ Блинкен рече дека „во овој случај, како и во секој случај, зависи од народот на земјата за која станува збор. Тоа зависи од рускиот народ.“ Бајден го нарече Путин и „месар“, „воен злосторник“ и „диктатор-убиец“.