Нови 188 заразени со ковид-19 и три починати пациенти

Во изминативе 24 часа во земјава се евидентирани нови 188 случаи на заразени со ковид - 19 од направени 2.245 тестови. Од вкупниот број на позитивни (188), регистрирани се 25 реинфекции. Во изминатово деноноќие се евидентирани и 119 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани 3 починати лица и тоа еден од Скопје на 79 годишна возраст, потоа еден од Куманово на 84 годишна возраст и жител на Прилеп на 88 години. Сите лица се починати во болнички услови.

Нови 232 случаи на ковид -19, починале тројца пациенти

Досега во земјата се направени вкупно 1.953.866 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 305.066, бројот на оздравени пациенти е 293.819, на починати е 9.206, а бројот на активни случаи изнесува 2.041.