Француската критика за Рисимкин: Брилјантна креација на авангарден кореограф

Рисима Рисимкин

Секогаш е возбудливо да се открие нов кореограф кој ги исполнува очекувањата се наведува во критиката на Денис Санглард за „Un Fauteuil pour L'Orchestre“ , по гостувањето на Рисима Рисимкин со Скопје танцовиот театар во Националниот театар за современ танц Шајо во Париз, Франција.

„Идентитети- Историја на еден растегнат сон е креација која брилијантно покажува колку овој авангарден кореограф со талент и инвентивност го преиспитува кореографскиот гест, движењето и неговата експресивност.
Во време на пандемија, која исклучува речиси секаков физички контакт, Рисима Рисимкин го создава она што недостасува, фрустрацијата од отсуството на телото на другиот“, се наведува во критиката.

Санглард пишува и дека жали што претставата играла само три дена. Un Fauteuil pour L'Orchestre“ е специјализиран журнал за критички осврти, кој дава оценки за претставите. Притоа Идентитети- Историја на еден растегнат сон е оценета со највисока можна оценка.

Музиката за претставата е на Тони Китановски, сценографија и светла на Матеа Мијановиќ, костимографија на Блогој Мицевски. Настапија танчерите: Анатасија Данчевска, Мими Поп Алексова, Сара Цветковска, Бобан Русески, Дејан Битровски, Стефани Шааршмит, Емилија Милак.