НАТО ги активира нуклеарните одбранбени механизми како одговор на Русија

НАТО самит за руската инвазија врз Украина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, предупреди дека Москва сака да создаде лажна тревога обвинувајќи ги Соединетите Држави дека подготвуваат напад со хемиско оружје врз Русија, што потоа би можеле да го искористат за да ја оправдаат сопствената употреба на такво оружје.

На вонредниот самит во Брисел тој рече дека како одговор на тоа, Алијансата ги активирала своите хемиски и нуклеарни „одбранбени механизми“ за да ги заштити земјите-членки од какви било можни последици од контаминација, доколку Русија употреби хемиско оружје во Украина.

Додаде дека ќе испратат опрема за откривање и заштита во Украина за да и помогнат да се справи со такви напади.

„Загрижени сме затоа што ја гледаме реториката и гледаме дека Русија се обидува да создаде некаков изговор обвинувајќи ги Украина, САД и сојузниците на НАТО дека се подготвуваат да употребат хемиско и биолошко оружје“, изјави Столтенберг за новинарите, додавајќи дека секоја употреба на хемиско оружје би имала далекусежни последици.

„Исто така, постои ризик да има директен ефект врз луѓето кои живеат во земјите на НАТО, бидејќи можеме да резултира со контаминација, ширење на хемиски агенси или биолошко оружје во нашите земји“, додаде Столтенберг.

Словенечкиот премиер Јанез Јанша предупреди дека руската војска и да не користи хемиско оружје, воздушен напад или гранатирање на хемиска фабрика може да биде исто толку опасно, предизвикувајќи „катастрофа од огромни размери“.

Претходно украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за распоредување на оружје со фосфор во неговата земја, иако не презентираше никакви докази за да го потврди своето тврдење.