Во јануари 2022 година исплатената нето-плата по вработен, изнесува 29.980 денари покажуваат податоците на Заводот за статистика. За една година просечната нето- плата пораснала за 1.708 денари или за 6 отсто.
Согласно статистика, зголемувањето се должи пред сѐ на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, други услужни дејности, трговија на големо и трговија на мало и поправка на моторни возила и мотоцикли.
од Владата преку соопштение наведуваат дека податоците на Државниот завод за статистика го потврдуваат трендот на раст на платите кој е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата.
Неодамна се зголеми и минималната плата и таа од месецов ќе изнесува 18.000 денари, има најави и за нов зголемување на пензиите во септември. Од Владата се пофалија и со намалувањето на невработеноста, која во четвртото тримесечје од 2021 година изнесува 15,2 проценти.
Но поради економската криза предизвикана од растот на цените на енергенсите и дополнителни поради војната во Украина, зголемените се цените на струјата, горивата, прехранбените производи, а тоа предизвикаа низа други поскапувања.
Иако првично се предвидуваше дека инфлацијата ќе биде 3, 1 проценти, сега Народна Банка предвидува корекција. Така, во првите два месеца од 2022 година е остварена просечна годишна стапка на инфлација од 7,1 отсто.