Главната балерина на Бољшој ја напушта Русија поради инвазијата врз Украина

Примабалерината Олга Смирнова (лево) во театарот Бољшој

Примабалерината Олга Смирнова од познатиот театар Бољшој во Москва ја напушти Русија и замина за Холандија во знак на протест поради неиспровоцираната офанзива на нејзината земја врз Украина.

Холандскиот национален балет во соопштение наведува дека и посакува добредојде на Олга Смирнова . Таа, како што наведува холандскиот балет „неодамна зборуваше против руската инвазија врз Украина, поради што неодржливо е да продолжи да работи во Русија“.

На први март Смирнова на Телеграм напиша дека „се срами од Русија“ поради нејзината агресија врз Украина.

„Не станува збор ни за тоа дека секој втор Русин има роднини или пријатели кои живеат во Украина, дека мојот дедо е Украинец, а јас сум една четвртина Украинка. Се работи за тоа дека продолжуваме да живееме во 20 век иако веќе сме влезени во 21 век. Политичките прашања во современиот свет мора да се решаваат исклучиво со мирни разговори“, се вели во соопштението на Смирнова во Телеграм.

Смирнова е една од повеќе познати личности во Русија која ја напуштија земјата од почетокот на војната во Украина на 24 февруари.