Во Полска од Украина досега дошла „една Варшава“

Бегалци од Украина во хуманитарен центар во Полска

Бројот на бегалци кои влегле во Полска од Украина од почетокот на руската инвазија достигна 1,95 милиони, што е повеќе од населението на главниот град Варшава, соопшти полската гранична служба.

Граничната служба на 17 март на Тивитер денеска објави дека во текот на претходниот ден е забележан пад од 11 отсто на бројот на луѓе кои преминале во Полска од Украина.

Се додава дека уште 12 илјади луѓе влегле во земјата до 7 часот наутро на 17 март.

Обединетите нации соопштија дека повеќе од 3 милиони луѓе досега ја напуштиле Украина откако почна војната.
Не се знае колку од луѓето кои влегле во Полска останале таму, оти многу од нив патуваат во трети земји.

Русија ја нападна Украина на 24 февруари.