Бајден разговарал со Зеленски

Владимир Зеленски и Џо Бајден

Претседателот на Соединетите Држави, Џо Бајден, телефонски разговарал со украинскиот лидер Владимир Зеленски за руската инвазија.

„Двајцата лидери разговараа за санкциите против Русија и за воената помош за Украина“, напиша Зеленски на Твитер.

И Бајден се огласи на твитер и порача дека ќе бараат одговорност од Русија.

„Само што разговарав со претседателот Зеленски за да разговарам за нашата континуирана поддршка за Украина, вклучително безбедносната и хуманитарната помош, бидејќи таа се брани од руска агресија. Ќе бараме одговорност од Русија, а нашите санкции веќе имаат разорно влијание“, напиша Бајден на твитер.

Руските сили вечерва погодија телевизиска кула во Киев, при што загинале најмалку пет лица, а уште толку се ранети. Претходно руското министерство за одбрана предупреди дека се подготвуваат да погодат цели во главниот град на Украина, и ги повика жителите на Киев да ги напуштат своите домови.