Временска прогноза – Облачно со повремен снег

Камен мост, Скопје

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во западните и јужните делови ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 0 до 5 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Во делови од котлината ќе провејува слаб снег. Максималната температура ќе достигне 5 степени.

И во следните денови не очекува променливо облачно и посвежо време. Повеќе сончеви периоди ќе има во четврток.