Нови 517 случаи на Ковид-19, пријавени се 13 починати лица

Клиника за инфективни болести во Скопје

Денеска се регистрирани 517 нови случаи на Ковид-19 од 2.669 направени тестови. Како оздравени се пријавени 1 022 пациенти, но и 13 починати лица, соопштија од Министерството за здравство .

Приота, во текот на изминатите 24 часа починале 9 лица, сите во болнички услови. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид - 19 од Мој Термин пријавени се и 4 починати лица во период од 18 до 21 февруари. Две лица починале во домашни, а две во болнички услови.

Од вкупниот број на починати кај 13 лица се регистрирани коморбидитети. Возрасната граница пак се движи од 42 до 86 години.

Од вкупниот број пак новорегистрирани случаи(517) има 72 реинфекции.

Досега во земјата се направени вкупно 1.883.560 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 296.229, бројот на оздравени пациенти е 282.604, на починати е 8.981 а бројот на активни случаи изнесува 4.644.