САД ќе објават санкции против Русија во координација со сојузниците

Советот за безбедност на Обединетите нации се состана откако Русија призна два отцепени региони во источна Украина како независни ентитети, Њујорк, САД, 21 февруари 2022 година.

Соединетите држави се координираат со сојузниците и денеска ќе објават нови санкции против Русија, откако Москва призна два отцепени региони на Украина како независни и испрати таму руски сили, соопштија американските власти во понеделникот. „Соединетите Држави ќе воведат санкции против Русија за ова јасно кршење на меѓународното право и суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, изјави амбасадорката на САД во Обединетите нации, Линда Томас-Гринфилд, по состанокот на Советот за безбедност на ОН во понеделникот вечерта. „Можеме, сакаме и мораме да бидеме обединети во нашите повици Русија да ги повлече своите сили, да се врати на дипломатската маса и да работи на мир“, додаде таа.

Путин нареди испраќање војници во Украина откако ја призна независноста на Доњецк и Луганск

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот призна два отцепени региона на Украина како независни и му порача на руското Министерство за одбрана да распореди војници таму за „да се зачува мирот“, зголемувајќи ја тензијата со Западот околу Украина. Претседателот Џо Бајден издаде извршна наредба за која портпаролката на Белата куќа Џен Псаки рече дека ќе „забрани нови инвестиции, трговија и финансирање од страна на американски лица кон, од или во сепаратистичките региони на Украина“, мислејќи на само- прогласените Доњецка Народна Република и Луганска Народна Република. Псаки рече дека дополнителните мерки ќе дојдат денеска. Тие, според друг портпарол на Белата куќа, ќе бидат насочени кон Русија.

ЕУ и соопшти на Украина дека не е подготвена да воведе санкции за Русија

Ројтерс не можеше да утврди какви санкции или извозни контроли би можеле да бидат објавени денеска, но администрацијата на Бајден подготви првичен пакет санкции против Русија што вклучува забрана на американските финансиски институции да обработуваат трансакции за големите руски банки, рекоа луѓе запознаени со ова прашање. Мерките имаат за цел да ѝ наштетат на руската економија со намалување на банкарски односи меѓу целните руски банки и американските банки кои овозможуваат меѓународни плаќања.

„Нуклеарна опција“: Што ќе се случи ако Русија биде отсечена од системот СВИФТ?

Соединетите држави, исто така, ќе ја користат својата најмоќна алатка за санкции против одредени руски поединци и компании со тоа што ќе ги стават на списокот Специјално назначени државјани ефективно исфрлајќи ги од американскиот банкарски систем, забрана за трговија со Американците и замрзнување на нивните американски средства, велат истите извори. Администрацијата на Бајден планира да ги поштеди обичните Руси од товарот на американските извозни контроли и да се фокусира врз таргетирање на индустриските сектори, изјави претставник на Белата куќа кон крајот на јануари.