Мицкоски-Џафери да ја свика седницата на Комисијата за избори и именувања

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски бара од власта да организира како што вели „ час поскоро“ предвремени избори и затоа што, како што вели, државата тоне во економска криза, во ковид пандемијата луѓето ги губат своите животи, енергетската криза тропа на врата, образованието е катастрофално, а буџетскиот дефицит за само 40 дена е повеќе од 11,2 милијарди денари.

„Не би можел да издвојам ниту еден параметар што не движи во правилна насока. Затоа, одговорно е да имаме предвремени избори и ќе го повторувам тоа додека политичарите во Владата не се освестат и не излезат за да видиме каква е довербата на народот“ изјави Мицкоски за време на негоавата посета на скопската општина Ѓорче Петров.

Џафери до Кацарска: Собраниската комисија е опструирана и не може да се изберат уставни судии

Тој јавно упати апел до претседателот на Собранието Талат Џафери, да ја свика седница на Комисијата за избори и именување.Според него Парламентот е функционален, а седницата на Комисијата не се закажува затоа што веројатно некому му е страв.

„Комисијата за избори и именувања е функционална, не гледам причина зошто Џафери не ја свика за предлозите што се на дневен ред. Тоа што сега не ја свикуваат, се плашат зашто нивните партизирани судии најверојатно нема да бидат избрани, зашто не се сигурни во мнозинството. Овојпат не можат да киднапираат пратеници и да ги чуваат натаму – наваму. Го повкувам Џафери уште денеска да ја закаже Комисијата за избори и именувања, таму си ма пратеници кои ќе си гласаат по сопствено убедување. Не се согласувам дека Собранието не е функционално, има 120 пратеници“ изјави Мицкоски.

Кацарска - Собранието да избере нови уставни судии

Во Комисијата за избори и именувања не е назначен нов претседател по локалните избори во кои доскорешниот пратеник и претседател на Комисијата Костадин Костадинов беше избран за градоначалник на Струмица. На дневен ред на Комисијата пред изборите беше разгледување на предлозите за нови уставни судии. Уставниот суд од 14 јануари работи со вкупно 5 од потребните 9 судии.