Заеднички воени вежби на Русија и Белорусија

Русија и Белорусија одржуваат заеднички воени вежби (фотографија од датотека)

Од денеска до 20 февруари Русија и Белорусија одржуваат заеднички воени вежби во близина на источните граници на НАТО и Украина. „Сојузничка решителност“ како што се нарекуваат вежбите доаѓаат во време на високи тензии околу трупањето на руските војници во близина на границата со Украина. Западот со месеци предупредува на можна руска инвазија на Украина, што Москва го негира.

Кремљ: Путин не вети дека нема да има дополнителни маневри во близина на Украина

Воено засилување: Нови фотографии за руското оружје во близина на Украина

Белорускиот претседател Александар Лукашенко деновиве изјави дека во декември се договорил со рускиот претседател Владимир Путин да одржат „силни“ воени вежби преку „белорускиот балкон“ на нејзините западни и јужни граници. „Овие вежби треба да ги усовршат плановите за соочување со западните сили – Балтикот и Полска, и југот – Украина“, изјави Лукашенко. Воените лидери на Белорусија пак изјавија дека „Сојузничка решителност“ ќе се случи како одговор на зголемувањето на војниците во Полска и балтичките земји. Во вторникот портпаролот на Кремљ Дмитри Песков наведе дека Русија планира да ги повлече војниците од Белорусија по воената вежба.