Повеќе од 17 милиони барања за билети за Светското првенство во фудбал

Стадионот Ал Бајт изграден за претстојното Светско првенство во фудбал во Катар

Побарани се 17 милиони билети за Светското првенство во фудбал во Катар за време на првиот циклус на продажба на билетите, соопшти ФИФА. Во продажба ќе бидат пуштени нешто повеќе од два милиона билети за првото Светско првенство што ќе се одржи во една арапска земја. „Народот на Катар сочинува најголем дел од овој вкупен број, постигнат за само 20 дена. Голем број барања пристигнаа од други клучни упоришта на светскиот фудбал, вклучувајќи ги Англија, Саудиска Арабија, Аргентина, Бразил, Обединетите Арапски Емирати, САД, Франција, Индија и Мексико“, се вели во соопштението на ФИФА.

Не се вложува доволно во младите фудбалери

Финалето кое е закажано за 18 декември е мечот кој предизвика најголем интерес со 1.800.000 барања. Првата фаза од продажбата на билетите, која започна на 19 јануари, заврши вчера. Кој успеал да дојде до билетот ќе се знае од 8 март. ФИФА се надева дека ќе собере повеќе од 500 милиони долари од билети, од права за емитување и од други комерцијални приходи.