Талибанска делегација во Женева на средба со дипломати

Талибанци на разговори во Осло за хуманитарната криза во Авганистан

Делегација од десетина талибанци престојува во Женева на покана на невладина организација за да се сретне со швајцарски дипломати и хуманитарни организации, објави Франс прес од извори блиски до властите. Швајцарското Министерство за надворешни работи соопшти дека посетата на талибанците не претставува „признание“ на нивните власти во Авганистан.
Тамошните медиуми јавија дека авганистанската делегација ја предводел муфтијата Латифула Хакими, висок функционер во Министерството за одбрана.

Талибанците на разговори во Осло за хуманитарната криза во Авганистан

Предвидени биле средби со швајцарски дипломати и претставници на други европски земји. Делегацијата на Талибанците е во Швајцарија на покана на невладината организација „Апел“ со седиште во Женева, која е посветена на зајакнување на спроведувањето на меѓународното хуманитарно право од страна на вооружените и другите групи активни во Авганистан. Талибанците ја презедоа власта во Авганистан во август 2021 година.