Вучиќ на средба со британскиот пратеник за Западен Балкан

Српскиот претседател Александар Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Белград ќе се сретне со британскиот специјален пратеник за Западен Балкан Стјуарт Пич. Британската амбасада во Белград претходно соопшти дека Пич за време на посетата на Србија ќе разговара со претставници на граѓанските организации, медиумите и опозициските политички партии со цел подобро да ги разберат регионалните односи и внатрешната општествена динамика.

Пич: Силно ја поддржуваме евроинтеграцијата на Северна Македонија

Предвидена е средба и со патријархот на Српската православна црква, Порфиријe. Сер Стјуарт Пич беше назначен за прв специјален пратеник на британскиот премиер за Западен Балкан во декември 2021 година.