Се бара кокаинот кој отру најмалку 20 лица во Аргентина

Илустративна фотографија

Најмалку 20 луѓе починаа, а уште 80 се хоспитализирани во предградие на Буенос Аирес, откако конзумирале кокаин со токсична супстанција, веројатно опоиди, соопштија аргентинските власти. Инспекторите во Аргентина побрзаа да го откријат токсичниот кокаин и да го отстранат од оптек. Надлежните стравуваат дека бројката може да се зголеми со откривање нови жртви кои не стигнале навреме во болница.

Здравствените власти во средата издадоа „епидемиолошко предупредување“ по ненадејниот наплив на смртни случаи во три сиромашни предградија на Буенос Аирес меѓу луѓето кои земале кокаин, за кој официјалните лица веруваат дека можеби биле фалсификувани опоиди.

Повеќе од 80 беа примени во 10 болници, некои во критична состојба.

„Во оптек е супстанца со висока токсичност, продадена како кокаин“, соопшти обвинителството на Сан Мартин, едно од погодените предградија.

Во едно од предградијата, каде многу млади работат со дрога, полицијата приведе десетина лица во куќа каде што, наводно, се лепел и дистрибуирал кокаин. Полицијата заплени повеќе кеси слични на оние опишани од членовите на семејствата на жртвите, а содрината во нив е испратена на анализа.

Алармот првпат се вклучил кога четири лица заедно пристигнале во болница, кажале дека на ист настан земале кокаин. Сите четворица починале.