Во Москва потврден притвор за осомничени руски хакери

Михаил Головачук присуствува на судско рочиште во Москва. Тој беше притворен за поврзаност со групата „REvil“.

Московскиот градски суд ги отфрли жалбите на тројцата мажи кои наводно се поврзани со групата за откупување на софтвер „REvil“, кои барале да бидат ослободени од притвор.

Судот денеска соопшти дека го потврдува притворот за Дмитриј Коротајев, Алексеј Малозиомов и Михаил Головачук.

Одлуките за жалбите поднесени од уште двајцата осомничени: Роман Муромски и Даниил Пузиревски, ќе бидат донесени на 4 февруари, соопшти судот.

Руската Федерална служба за безбедност на средината на јануари соопшти дека нејзини агенти пребарале 25 адреси и привеле 14 лица во случајот, од кои осум се во истражен притвор.

Во ноември, Соединетите држави соопштија дека нудат награда до 10 милиони долари за информации што ќе доведат до идентификација или локација на секој кој има клучна позиција во групата „REvil“.

Висок претставник на американската администрација за новинарите изјави дека едно од приведените лица наводно стои зад нападот спроведен во мај против колонијалниот гасовод, кој предизвика голем прекин на снабдувањето со гориво на источниот брег на САД.

Американскиот претседател Џо Бајден на првиот состанок со рускиот претседател Владимир Путин насамитот во јуни, го повика да ги гони сајбер-криминалците кои работат од внатрешноста на Русија, а кои ги таргетираат бизнисите ширум светот, особено во САД.

Се верува дека хакери со седиште во Русија стојат зад значителен дел од глобалните напади со откупни софтвери.