Тројца мигранти од Куба протерани од земјава

Мигранти

Тројца мигранти од Куба кои се возеле во скопско такси кај наплатната рамка Демир Капија биле приведени од полицајци. Возачот на такси возилото е повикан во полициската станица за понатамошно расчистување на случајот.

Брод со мигранти се преврте во Егејското Море, најмалку 16 загинати

МВР соопшти дека по извршените проверки полицајците утврдиле дека тројцата патници нелегално влегле во Македонија. Полицијата соопшти дека на мигрантите им е изречена парична казна и дадени им се решенија за протерување од државата.