Ковачевски-Каде има политичка волја, разликите полесно се надминуваат

Заедно отворивме и искрен и посветен дијалог за стабилност и развој на Македонија и Бугарија, поттикнавме продлабочување на пријателството, добрососедството и соработката меѓу нашите две земји. Двете влади се определија да водат политика на градење на мостови, а не политика на градење на ѕидови помеѓу граѓаните на двете држави, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на конференцијата БГМК2030 „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво“.

Пристапот на Ковачевски и Петков критикуван и во Македонија и во Бугарија

До ваквите изјави доаѓа по втората средба за една недела меѓу македонската и бугарската владина делегација во обид за надминување на меѓусоседските прашања.

Ковачевски и Петков најавија нов конструктивен тон во историската комисија

Тој нагласи дека неговата и намерата на неговиот колега Кирил Петков е да отворат широко поле за соработка меѓу голем број на засегнати страни во општествениот живот.

„Но, јас и премиерот Петков, ја презедовме иницијативата процесот да се води инклузивно од надолу кон горе, односно проектите за унапредување на соработката и на пријателството помеѓу народите на двете земји да дојдат од тие кои се директно засегнати за нив и кои ќе бидат директно задолжени за нивно спроведување, посочи премиерот Ковачевски.

Македонија и ЕУ - долг пат без извесен крај, но што во меѓувреме?

Тој потенцира дека заедничката седница на Владите на двете земји на почетокот на оваа недела во Софија и со посетата на премиерот Петков и неговата делегација на Скопје една недела претходно, направен е голем исчекор во унапредувањето на билатералните односи.

„Таму каде има политичка волја и идеја за прогрес, разликите многу полесно се надминуваат“, изјави тој.

Ковачевски нагласи дека е постигната согласност Скопје и Софија заедно да спречуваат недобронамерна пропаганда, доколку се појави внатре во државите и заедно да се справуваат со говорот на омраза и да го поразат национализмот.