Продолжуваат преговорите за уставната реформа во БиХ

американскиот специјален пратеник за БиХ Метју Палмер

Преговорите за измените на изборниот закон на БиХ меѓу претставници на политичките партии со посредство на САД и ЕУ денеска утре треба да продолжат во Неум и да траат до крајот на неделата, иако нема никакви индиции за можен договор. Во преговорите учествуваат американскиот специјален пратеник Метју Палмер и директорот за надворешни работи на ЕУ Анџелина Ајхорст. Учество во продолжението на преговорите потврдија и лидерите на ХДЗ во БиХ, Драган Човиќ, и Партијата за демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ, од чии позиции зависи дали ќе има компромис и договор.

Претставниците на ЕУ и САД повторно во БиХ

Претставниците на најмалку две опозициски партии од Федерацијата БиХ ја одбија поканата по различни основи. Претставниците на Социјалдемократската партија на БиХ (СДП БиХ) побараа деблокирање на работата на државните власти од страна на претставниците на Република Српска пред изборната реформа, додека претставниците на Нашата партија (НС) соопштија дека не сакаат да учествуваат во разговорите што ги игнорираат нивните предлози за промени во изборните правила.