Макрон во телефонски разговор ќе побара разјаснување на намерите на Путин за Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ќе побара разјаснување за намерите на Русија кон Украина во телефонскиот разговор со претседателот Владимир Путин најавен за в петок, поради зголемените стравувања од напад на Кремљ врз Украина. Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц ја истакнаа својата поддршка за Украина на вчерашната заедничка прес-конференција во Берлин и го повторија својот став дека Русија ќе плати висока цена доколку го нападне својот помал сосед.

Франција и Германија со предупредување до Русија за Украина

Двајцата лидери зборуваа пред продолжувањето на разговорите за таканаречениот „нормандски формат“, што го сочинуваат политички советници од Русија, Украина, Франција и Германија, кои треба да се сретнат денеска во Париз. НАТО во понеделникот соопшти дека ги става силите на подготвеност и ја зајакнува Источна Европа со повеќе бродови и борбени авиони. Тоа Русија го осуди како западна „хистерија“ на нејзиното собирање од десетици илјади војници на границата со Украина.

Украина лута на Берлин зошто одбива да и испорача оружје


Берлин сепак одби да ги следи другите западни земји во испраќањето оружје за Киев за да се одбрани од можна руска инвазија, „Направивме многу за да го поддржиме економскиот и демократскиот развој во Украина“, рече тој, додавајќи дека има историски причини за одбивањето на Германија да испрати оружје во воените зони. Русија негира дека планира да ја нападне Украина, но бара правно обврзувачки безбедносни гаранции од САД и НАТО. Во вторникот Кремљ соопшти дека со голема загриженост набљудува откако Соединетите држави ставија 8.500 војници во готовност за да бидат подготвени да се распоредат во Европа во случај на ескалација на украинската криза.