Ќотек за доктори, скриени камери за ракометарки...

БУГАРИЈА - Лекарот Ивајло Иванов кој има ординација во бугарското село Ново Село во општина Русе бил нападнат во понеделникот од познатиот бугарски противник на вакцините Венцислав Ангелов - Чикаго (на фотографијата) поради ставена вакцина против Ковид 19 на трето лице.

ШПАНИЈА - Шпанија се подготвува да усвои поинаков пристап кон ковид-19. Земјата со една од највисоките стапки на вакцинација во Европа и една од најпогодени економии од пандемијата сега се подготвува да го третира ковид како болест што треба да остане.

АЛБАНИЈА - Првите три дена, односно од понеделник до среда, следната недела, во Албанија се затвораат сите училишта, поради најавата за поларни температури кои ќе ја зафатат земјата.

ГРЦИЈА / МАКЕДОНИЈА - Цврстата позиција на Грција, Северна Македонија и Албанија да ги одржат првите меѓувладини конференции со ЕУ, ја повтори шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас.

МАКЕДОНИЈА - Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска биле откриени 60 неисправни возила со кои се врши јавен превоз низ Македонија. Контролите се извршени во рамки на оперативната акција Дозвола, а неисправните возила се исклучени од сообраќај.

ГЕРМАНИЈА - Германската полиција отвори истрага откако две скриени камери беа пронајдени во соблекувалната на женскиот ракометен клуб ТуС Мецинген.

БУГАРИЈА / МАКЕДОНИЈА - Владата на Северна Македонија следниот вторник на 25 јануари ќе биде во Софија, соопшти денеска на седница на бугарската влада премиерот Кирил Петков.

ПАКИСТАН - Пакистанските власти соопштија дека во експлозија на бомба на преполн пазар во вториот по големина град Лахоре загинале најмалку две лица, а повеќе од 20 се повредени.

ГРЦИЈА - Најмалку 40 монаси на Света Гора починале од Ковид-19, од вкупно 1.800 монаси, околу 1.000 се разболеле, а само 500 се вакцинирани, пишува грчкиот весник Та неа, a јави дописничката на МИА од Атина.