Времето денеска: сончево со мала локална облачност

Сончево со мала локална облачност. Кон крајот на денот во западните делови облачноста ќе се зголеми. Во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер претежно од западен правец. Дневната температура ќе биде од минус 1 до 10 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 6 степени.