Нови 766 случаи на ковид 19, починале 12 лица

илустрација

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.748 тестови, а регистрирани се 766 нови случаи на ковид 19. Најмногу случаи има во Скопје – 521, Битола – 33, Куманово – 32, Струмица – 23, Кавадарци – 20, Прилеп – 19, Штип – 17, Охрид – 16, Струга и Гевгелија – по 9, Кичево и Ресен – по 8, Велес – 7, Гостивар – 6, Тетово – 5, Свети Николе, Пробиштип, Валандово и Кратово – по 4, Неготино и Крива Паланка – по 3, Радовиш, Богданци и Демир Хисар – по 2, Делчево, Дебар, Македонски Брод, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1 случај. Од вкупниот број на позитивни (766), регистрирани се 86 реинфекции.

Регистрирани сe 486 оздравени пациенти, а во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица. Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид 19 од Мој Термин, пријавени се 3 лица, по едно починато лице од Скопје, Гостивар и Дебар, починати во период од 03.01 – 11.01.2022г. Починатите се на возраст од 62 години до 75 години. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.710.444 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 245.398, бројот на оздравени пациенти е 220.886, на починати е 8.115, а бројот на активни случаи изнесува 16.397.