Нови 1732 случаи на ковид, реинфицирани 204 лица, а починати 7 пациенти

Тестирање за Ковид-19. Илустрација.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 6.928 тестови, а регистрирани се 1.732 нови случаи на Ковид-19. Од вкупниот број на позитивни 204 се реинфекции.

Оздравени се 1035 пациенти, а починати се 7лица: по 2 починати лица од Скопје (68г и 88г) и Велес (57г и 83г) и по едно починато лице од Прилеп (84г), Кавадарци (69г) и Свети Николе (79г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 6 починати лица, од Скопје (3), од Охрид (1), Кавадарци (1) и Куманово (1), на возраст од 0-91 година. Регистрираните се починати во период од 24.12.2021-11.01.2022. Од починатите лица, 4 се починати во болнички, а 2 лица во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.692.991 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 241.651, бројот на оздравени пациенти е 218.340, на починати е 8.083, а бројот на активни случаи изнесува 15.228.