Протести на наставниците во Иран

Протест на наставници во Иран во декември, минатата година

Стотици наставници се приклучија на протестите во повеќе од 30 ирански градови, барајќи повисоки плати и подобри работни услови. Протести се одржале во главниот град Техеран, Исфахан, Шираз, Машхад, Рашт, Ком и други градови низ земјата.
Наставниците упатиле критики за како што ја нарекоа, „рамнодушноста на владата кон образованието“, а исто така повикаа на ослободување на нивните притворени колеги.

„Стани, стани!“, скандирале некои од демонстрантите во Техеран, според аматерски видеа објавени на интернет.

Наставниците одржаа неколку протести во последните недели. Протестите доаѓаат во услови на зголемена инфлација бидејќи влијанието на санкциите од страна на САД и долгогодишното лошо управување тешко ја погодија земјата.

Минатиот месец, иранскиот парламент донесе закон за зголемување на платите на наставниците по неколкудневните протести низ целата земја и штрајкот што влијаеше на образовниот систем на исламската република.

Мерките што пратениците ги усвоија на 15 декември гарантираат дека примањата на наставниците ќе изнесуваат околу 80 отсто од платите на членовите на факултетите на универзитетите, што е едно од барањата на демонстрантите.

Министерот за образование Јусеф Нури вети дека законот, кој повеќепати беше воведен во парламентот во последниве години, но, не беше усвоен, ќе биде имплементиран брзо по неговото одобрување.