Ковачевски напладне во Собранието ќе ги достави предлозите за составот и за програмата на владата

Мандатарот Димитар Ковачевски и дел од кандидатите за нови министри од СДСМ

Мандаторот за состав на новата влада и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски денеска напладне на претседателот на Собранието Талат Џафери официјално ќе му ги достави Предлог-составот и Предлог-програмата за работа на новата влада.

Ковачевски синоќа, на прес-конференција по завршувањето на седниците на Извршниот и на Централниот одбор на СДСМ, ги објави имињата на предложените членови на новата влада од оваа партија.

За вицепремеир за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси е предложена Славица Грковска, поранешна пратеничка на СДСМ, за вицепремир задолжен за економски прашања координација на еконмските ресори и инвестиции – актуелниот Фатмир Битиќи, а за вицепремиер за европски прашања е предложен досегашниот министер за правда Бојан Маричиќ.

За министер за одбрана е предложена Славјанка Петровска, пратеничка во СДСМ, порнешен заменик министер за внатрешни работи во техничката влада, за министер за внатрешни работи – актуелниот Оливер Сапсовски, за министер за правда професорот Никола Тупанчевски од Правниот факултет во Скопје, за министер за земјоделство Љупчо Николовски, кој и порано раководеше со овој ресор.

За министер за труд и социјална политика предложена е Јована Тренчевска – директорка на Државниот инспекторат за труд, за министер за култура Бисера Костадинова-Стојчевска, актуелна пратеничка од СДСМ, а за министер за транспорт и врски е предложен актуелниот Благој Бочварски.

Претседателот на Собранието Талат Џафери во својата завршна годишна изјава на крајот од декември, најави дека ако предлогот за нова влада пристигне до 11 јануари, во консултации со пратеничките групи, ќе определи датум за одржување седницата, која најверојатно би била на 15-16 јануари. Додаде дека очекува новата Влада да биде изгласана на 16, пред 24 часот и таа да биде функционална на 17 јануари 2022 година.

Согласно Законот за Влада, Владата ја избира и разрешува Собранието на со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. При предлагањето на составот на Владата, мандаторот предлага министри за секое од министерствата утврдени со закон и министри без ресор. Владата стапува на должност со денот на изборот.