Мицкоски-Мандатарот не може да преговара за идентитетот

Мандатарот кој ќе го предложи составот на владата нема кредибилитет да преговара од името на македонскиот народ за неговиот идентитет. Очекувам да се слушне гласот на ВМРО-ДПМНЕ како најголемата политичка партија во земјава, изјави денеска денеска претседателот на партијата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање пред Соборниот Храм.

„Очекувам дека какво било решение кое што ќе одлучува за идентитетот на македонскиот народ нема да биде во немилост на нелегитимниот премиер и на авантурист преговарач како Бучковски. Очекувам да се слушне гласот на македонскиот народ, на најголемата политичка партија во Македонија, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ, политичката партија која што има најголема политичка група во Парламентот од определени гимнастики позната на јавноста е, за жал, во опозиција, со најголем број градоначалници и најголем број советници“, вели Мицкоски.

Петков- Ставот на Софија за Скопје не е сменет

Тој на новинарското прашање што очекува од разговорите со бугарскиот премиер Кирил Петков за време на неговата посета на Скопје на 18 јануари, посочи дека соседна Бугарија на дневна основа го негира македонскиот национален идентитет.

Тој не очекува поместување во однос на македонско-бугарските однсои по најавениот нов пристап од Софија и бара дипломатска акција од европските партнери за земјата да ги почне преговорите со ЕУ.

„Позадината на проблемот е Резолуцијата во бугарскиот Парламент што впрочем го потврди и претседателот Радев. И ги искара министрите во новата Влада на Петков да не попуштаат во барањата. Тоа е доволно јака порака и силна порака. Се додека оваа Резолуција е во функција , се додека оваа Резолуција има сила на закон ние ќе бидеме подложни на уцени од страна на нашиот источен сосед, хегемониски барања од пред неколку векови наместо заедно да градиме иднина и да гледаме неколку векови напред“ вели Мицкоски.

На прашањето што очекува од мандатарот и кои се неговите очекувања на политички план во 2022-та, тој посочува дека од човек којшто се нафаќа да биде мандатар, а без притоа да го има легитиметот на народот не очекува ништо друго освен продолжување на политиките на Заевизмот.