Казахстанскиот претседател изјави дека поредокот „во основа“ бил обновен

Во Казахстан и натаму владее напнато расположение

Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев изјави дека уставниот поредок во голема мера е воспоставен низ централноазиската земја по неколкудневните насилни немири за кои владата ги обвинува „терористите“. „Во основа е воспоставен уставниот поредок во сите региони во државата. Локалните власти ја контролираат ситуацијата“, рече Токаев на денешниот состанок, соопштија од неговиот кабинет. „Но, терористите продолжуваат да користат оружје и да го оштетуваат имотот на граѓаните. Затоа, антитерористичките акции треба да продолжат до целосно уништување на милитантите“, додаде тој.

Руски војници заминуваат во Казахстан

Министерството за внатрешни работи соопшти дека 26 „вооружени криминалци“ се „ликвидирани“, а повеќе од 3.000 од нив се приведени. Се додава и дека осумнаесет полицајци и војници на националната гарда беа убиени од почетокот на протестите оваа недела. Во текот на изминатите неколку дена, демонстрантите упаднаа во владини згради, запалија и ограбуваа деловни објекти.

Очајот од сиромаштијата и корупцијата доведе до масовен бунт во Казахстан

Најинтензивно насилството беше во најголемиот град во земјата, Алмати. Новинарите на РСЕ во Алмати велат дека безбедносните сили, некои во оклопни возила, отвориле оган врз демонстрантите на 6 јануари на Плоштадот на Републиката. Спиралата на насилството го поттикна Токаев на 5 јануари да побара од Организацијата на Договорот за колективна безбедност предводена од Москва да ѝ помогне на земјата да ја „стабилизира“ ситуацијата. Брзо пристигнаа првите руски падобранци, а потоа и од Белорусија. Повеќе руски војници ќе пристигнат на денеска заедно со единиците од Ерменија и Таџикистан, додека Киргистан, исто така, може да испрати војници доколку парламентот го одобри тоа.