Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Париз ќе ги пречека претседателката на Европската комисија Урсула ван дер Лајен и европските комесари во Париз, по повод почетокот на 6-месечното француско претседателство со Европската унија. Приоритетите на Франција беа претходно презентирани од Макрон. Зборот „проширување“ не беше споменат, но тој го смести Западниот Балкан заедно со Африка во неговите приоритети. „Нема да можеме да изградиме Европа на мирот во следните 50 години ако го оставиме Западниот Балкан како што е денес“, изјави на 9 декември Макрон и истакна дека во јуни ќе организира Конференција за регионот. Претходно по барање на Франција ЕУ освои нова методологија за проширување.
Макрон ги презеде уздите на ЕУ додека го чекаат избори
Во говорот за преставување на приоритетите Макрон повика на силна, суверена и обединета Европа. Меѓу предлозите на Франција е да се зголеми „стратешкиот суверенитет“ на блокот, дозволувајќи ѝ да дејствува со поголема независност од САД кога тоа одговара на интересите на блокот. Макрон, исто така, сака напредок и во заедничката одбранбена способност на ЕУ, така што ЕУ повеќе да не се потпира само врз Америка.
Знамето на ЕУ отстрането од Триумфалната капија во Париз
Франција, исто така, сака да го искористи претседавањето за да ја зголеми координацијата меѓу земјите-членки за миграцијата, вклучително и создавање сили за брза реакција за одговор на кризите на надворешните граници на блокот. Франција во април ја очекуваат избори, што значи дека голем дел од енергијата на земјата ќе биде насочена кон политичката кампања.