Шефицата на бугарската дипломатија Генчовска разговарала со Блинкен

Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска

Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска остварила телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, објави софискиот весник „24 часа“, повикувајќи се на информации од Стејт департментот. Целта на разговорот меѓу Генчовска и Блинкен била натрупувањето руски војници на границата со Украина, а се разговарало и за потребата од изградба на единствен став за заштита на земјите од НАТО. Државниот секретар Блинкен ја потврдил посветеноста на САД да го активира членот 5 од Договорот на Алијансата, што предвидува заедничка одбрана во случај на војна.

Бајден му вети на Зеленски дека ќе дејствува решително ако Русија ја нападне Украина

Бајден и Путин согласни да ја интензивираат дипломатијата поради тензиите околу Украина

Разговорот бил дел од општата дискусија што Блинкен ја имал со министрите за надворешни работи на земјите таканаречената Група од деветте од Букурешт (Б-9) – Бугарија, Чешка, Естонија, Унгарија, Литванија, Летонија, Полска, Романија и Словачка. Блинкен ја истакнал посветеноста на САД за натамошните тесни консултации и координација со сите трансатлантски сојузници и партнери додека се работи на деескалацијата преку воздржаност, одбрана и дијалог, се наведува во соопштението на Стејт департментот.