Шефицата на германската дипломатија Баербок во Вашингтон

https://www.slobodnaevropa.mk/a/31634100.html

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок утре ќе отпатува во Вашингтон каде што со нејзиниот американски колега Ентони Блинкен и други политичари ќе разговара за теми меѓу кои и руско-украинскиот конфликт, соопшти германското Министерство за надворешни работи. Другите теми на првата официјална посета на Баербок на Соединетите држави ќе вклучуваат идниот дијалог со Русија, климата, надворешната политика и зајакнувањето на демократијата, наведуваат од министерството. Советникот за надворешна политика на германскиот канцелар Олаф Шолц, исто така, ќе се сретне со неговите руски и француски колеги оваа недела.

Германија – Нуклеарната енергија е опасна, ги отфрламе плановите на ЕУ

Претходно, владиниот портпарол Штефен Хебештрајт изјави дека Германија ја отфрла „мирната употреба на нуклеарната енергија. „Ние веруваме дека нуклеарната технологија е опасна и веруваме дека проблемот со нуклеарниот отпад останува нерешен“, изјави Хебештрајт. Германија на 31 декември затвори три од своите последни шест нуклеарни централи додека се движи кон завршување на повлекувањето од нуклеарната енергија и го насочува својот фокус кон обновливите извори на енергија.

Германија ќе затвори три од последните шест нуклеарни централи

Владата одлучи да го забрза постепеното исфрлање на нуклеарната енергија по несреќата на јапонскиот реактор Фукушима во 2011 година, кога земјотрес и цунами ја уништија крајбрежната централа во најголемата нуклеарна катастрофа во светот од Чернобил во 1986 година.