Германија – Нуклеарната енергија е опасна, ги отфрламе плановите на ЕУ

Илустрација: Нуклеарна централа во Германија

Германската влада денеска соопшти дека нуклеарната енергија ја смета за опасна и дека се противи на предлозите на Европската унија таквата технологија да остане дел од плановите за борба против климатските промени.

Германија до крајот на оваа година ќе ги исклучи преостанатите три нуклеарни електрани и постепено ќе го исфрли јагленот до 2030 година, додека соседна Франција има за цел да ги модернизира постојните нуклеарни реактори и да изгради нови за да ги задоволи своите енергетски потреби во иднина.

Берлин планира во голема мера да се потпре на природен гас, сè додека не биде заменет со енергетски извори кои не ја загадуваат животната средина.
Нацрт планот на ЕУ, во кој имале увид новинарите на Асошиејтед прес, заклучува дека и нуклеарната енергија и природниот гас можат под одредени услови да се сметаат за сигурни за вложување.

„Ние сметаме дека нуклеарната технологија е опасна“, изјави портпаролот на германската влада Штефен Хебештрајт пред новинарите во Берлин, напоменувајќи дека останува нерешено прашањето што ќе се прави со радиоактивниот отпад кој може да трае илјадници години.

Тој додаде дека Германија јасно ги отфрла плановите на ЕУ поврзани со атомската енергија.

Активистите го критикуваа планот на Германија да користи природен гас, кој е подобар од јагленот, но при согорувањето и тој испушта јаглерод диоксид, главниот стакленички гас.

Германија, пак, тврди дека природниот гас е само „мост“ до незагадувачки алтернативни решенија чиј рој на пронаоѓање е 2045 година.